fbpx

За нечистотијата кај Тетовската Бања виновни биле несовесните граѓани, вели Општината 

-

Тетовската Бања која, поради лековитите својства, привлекува многу посетители истите ги враќа разочарани поради нечистотијата и отпадоците. Жителите се жалат дека отпадот не се собира редовно, додека Општина Тетово, од друга страна, вели дека несовесното население е главната причина за загадувањето на животната средина, пишува „Порталб.мк“.

Според Општината во Тетовска Бања има доволен број контејнери за отпадоци и тие се собираат редовно од страна на Јавното комунално претпријатие “Тетово”.

“Чистењето и собирањето отпадоци се врши редовно од надлежното ЈКП, а и бројот на поставени контејнери за отпадоци е доволен“, велат од Општина Тетово.

Сепак, изгледот на Тетовската Бања открива нешто друго.

“Тука големо влијание има и свеста на населението, како главен причинител на загадувањето на животната средина, бидејќи ова место е центар за рекреација и релаксација и го посетуваат голем број граѓани што секако влијае де се соберат и фрлат поголеми количини отпадоци”, велат од општината.

Сепак, ид таму признаваат дека иако граѓаните постојано фрлаат отпадоци и ја загадуваат животната средина, одговорноста паѓа врз нив.

“Одговорноста секогаш е на општината и претпријатието кое се занимава со оваа работа, а за ова се информирани надлежните органи, кои се очекува да преземат дополнителни активности”, велат од Општина Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...