fbpx

За Македонија нема големо фајде од поевтинувањето на нафтата

-

Историскиот пад на цената на нафтата на глобално ниво на помалку од 30 долари, поточно на 29,93 долари за еден барел, нема многу да го почувствуваат крајните потрошувачи во Македонија. Тоа незначително ќе влијае врз цената на производите, а во формирањето на цената на гориватa, освен суровата нафта, учествуваат и други ставки.

– Цената на нафтата, односно на горивата делумно учествува во цената на прозводот. Ако тоа учество е 5 проценти, тогаш поевтинувањето ќе биде незабележително. Треба да се види за секоја индустрија, односно производ, колку цената на горивото учествува во формирањето на вкупната цена, иако кај 80 проценти од производите тоа не се чувстува – вели професорот Константин Димитров.

Според последниот извештај на Народна банка, во ноември е забележан мал просечен годишен пад на потрошувачките цени, што е резултат на пониските цени на енергијата и на храната.

Според анализата на бугарски „Профит“, цената на горивата често се намалува со задоцнето темпо и во одреден момент престанува да го следи падот на нафтата. Исто така, голем дел од цената на горивата се оптоварува со акцизи, даноци и со такси.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврдува новата цена на горивата на секои две недели врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

Од друга страна, корисниците на превозни услуги може да очекуваат некое намалување на цените на превозот.

– Ефектите од намалувањето на цената на нафтата нема да ги почувствуваме ние како превозници, туку корисниците на услугите. Има некои најави за намалување на цените на превозот, следствено со падот на цената на нафтата, иако, на пример, не ги зголемивме цените на услугите кога нафтата беше поскапа – вели Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“.

Рускиот министер за енергетика, Антон Силуанов, денеска изјави дека цените на нафтата ќе продолжат да паѓаат и во блиска иднина, бидејќи производството нема да биде намалено.

Дополнителен придонес кон порастот на понудата на нафта се очекува од укинувањето на економските санкции за Иран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...