За интеграцискиот капацитет на Европската Унија

Анализа за „Порталб.мк“ од Малинка Ристевска, Јорданова, Институт за европска политика

-

Непосредно по големото проширување од 2004 и 2007 година, Европската унија во тогашната своја стратегија на проширувањето го воведе концептот на нејзиниот „апсорпциски капацитет“. Овој концепт се однесуваше на способноста на Унијата за одржување на текот на европската интеграција напоредно со проширувањето. Беа дефинирани три нејзини главни компоненти: институции, заеднички политики и буџет. Со други зборови, Европската унија ќе може да се проширува толку колку што тоа можат да го издржат нејзините институции, политики и буџетот.

Автор: Малинка Ристевска Јорданова

Некои држави во нивните дискусии и ставови го земаа предвид и елементот на геополитички капацитет, односно капацитетот на ЕУ да ја обезбеди нејзината стратешка сигурност, како и јавното мислење на државите членки, додека покрај буџетот посебно го нагласуваа и економскиот елемент, односно капацитетот на пазарот на ЕУ. Паралелно со внесувањето на концептот на „апсорпциски капацитет“, актуелни беа дискусиите за „замор од проширувањето“ и „крајните граници на ЕУ“. Главната порака до кандидатите беше дека на Унијата ѝ треба време да се соземе и стабилизира внатрешно до ново проширување, со исклучокот на Хрватска. И секако дека оваа порака не беше прифатена со задоволство во регионот на Западниот Балкан.

Набргу наместо „апсорпциски капацитет“ сѐ почесто почна да се употребува терминот „интеграциски капацитет“. Резултатите од еден истражувачки проект на ниво на ЕУ посветен токму на интеграцискиот капацитет на ЕУ (MAXCAP – максимизирање на интеграцискиот капацитет на Унијата), кој заврши во 2016 година, го дефинираат интеграцискиот капацитет како внатрешен и надворешен. Внатрешниот се однесува на подготвеноста на Унијата да се проширува, додека надворешниот – на подготвеноста на кандидатите да се интегрираат во ЕУ. Во оваа статија се осврнуваме на внатрешниот капацитет на ЕУ, кој опфаќа три елементи: јавна поддршка, институционална реформа и креирање на политиките. Последниот елемент – креирањето на политиките ги опфаќа донесувањето на одлуките, спроведувањето и финансиската стабилност.

Според наодите на споменатиот проект од 2016 година, проширувањето со новите членки не го довело во прашање институционалното функционирање на Унијата, ниту пак законодавниот процес и спроведувањето на правото на ниво на ЕУ. На позитивната страна е и наодот дека не се зголемиле разликите во економскиот развој. Оттаму и тогашниот заклучок дека новите држави членки успешно се вклопиле во институциите на ЕУ. Од друга страна, јавната поддршка за проширувањето се намалила. Уште тогаш се укажува на низок капацитет за политичка интеграција, со оглед на слабостите на правото и на механизмите на ЕУ во областа на демократијата и човековите права.

Оценката за интеграцискиот капацитет на ЕУ не е статична, таа се менува зависно од условите и контекстот. Предупредувањата дека промените во новите држави членки на политичко ниво не се неповратни се покажаа како точни со замавот на нелибералните тенденции. Обидот за збогатување на механизмите на ЕУ во сферата на владеењето на правото доведе до кулминација на политичките разијдувања оваа есен, што пак резултираше со намален институционален капацитет – да се донесе одлука за повеќегодишниот буџет на Унијата.

Со миграциската криза на површината испливаа дотогаш скриените политички поделби, изразени во неможноста да се постигне согласност околу миграциската политика на ЕУ. Тековната расправа по предложениот Пакт за миграција и азил на ЕУ од Европската комисија допрва ќе покаже кое е нивото на согласност меѓу државите членки за ова значајно прашање. Институциите на ЕУ, по иницијалниот бавен одговор, се обидуваат да ја искористат кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 како можност не само на декларативно ниво, туку и реално, да се покаже солидарност меѓу државите членки и да се зголеми нејзиниот интеграциски капацитет. Меѓутоа, и тој обид се најде пред сериозни предизвици, зашто пакетот е блокиран поради неподготвеноста на Полска и Унгарија за условеноста со владеење на правото.

Секако дека и Брегзит имаше влијание врз интеграцискиот капацитет на Унијата, особено врз нејзиниот буџет. Според проценките, просечната годишната нето контрибуција на Обединетото кралство последниве десетина години била 9-10  милијарди евра.

Оттаму, сегашните тенденции не одат во прилог на заклучок за јакнење на интеграцискиот капацитет на Унијата. Тоа, пак, не значи дека трендовите не можат да се сменат.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...