Паркингот пред Ковид-амбулантата на Инфективна клиника. Фото: Вистиномер, 24 август 2021

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 40 реинфекции, а има и 45 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Скопје (84г), починат на ден 27 јуни во болнички услови“, соопштуваат оттаму.

Досега во земјата се направени вкупно 2.080.874 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.856, бројот на оздравени пациенти е 303.783, на починати е 9.323, а бројот на активни случаи изнесува 750.

Напишете коментар

Внесете го вашиот коментар
Please enter your name here