fbpx

За едно деноноќие, 12 сообраќајки

-

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на градот Скопје се случиле 12 сообраќајни несреќи, од кои во пет учесниците во сообраќајот добиле полесни повреди.

Повредени се тројца возачи на патничко возило, двајца сопатници и двајца пешаци.

Во седум сообраќајки причинета е материјална штета.

Санкционирани се 34 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 24 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на возењето, 15 возачи кои возеле под дејство на алкохол и 12 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 72 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска, отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје, ќе одржи едукативни предавања „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции врз безбедноста на патниот сообраќај“ со учениците од прва и од втора година во средните училишта.

За денеска нема најавено вонредни настани, со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

В сабота, со почеток во 11.30 часот, е најавен мирен протест на група граѓани пред зградата на МРТВ на крстосницата од булеварот Гоце Делчев и на улицата Григор Приличев. За непречено и безбедно одвивање на сообраќајот ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...