За една седмица – многу дезинформации во Русија за протестите во Белорусија и за Навални

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот.

Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на ЕУ euvsdisinfo.eu ги расчленува различните дезинформации што се пласирани од медиуми блиски до официјална Москва во изминативе седум дена во врска со повеќе теми и актуелни случувања.

Навални – приказните продолжуваат!
Во изминативе седум дена, проверувачите на факти од овој сервис идентификувале разновидни теории за заговори во руски медиуми и блогови, во врска со најпознатиот руски дисидент Навални, во кои се вмешуваат и некои „факти“ за случајот од Солзбери, Англија, со труењето на Скрипалови. Сумирано, ваквите текстови зборуваат дека Германија измислила дека Навални е отруен со Новичок, слично како што во случајот со поранешниот руски агент Скрипал во Англија се тврдеше дека всушност службите на Лондон ги затруле него и неговата ќерка.

Во руските медиуми, сега покрај тврдења дека Навални не бил отруен, имало и тврдења дека бил отруен, но не можело да се докаже дека тоа е направено со Новичок. Ваквите наративи се продлабочуваат и со тврдењето дека е „измислено труење на Навални“ за Западот да создаде оправдание за дополнителни санкции против Русија. На тоа се додаваат и поединечни тврдења дека „САД ја присилиле Ангела Меркел да лаже за Навални“, како и дека „самиот Навални не верува во приказната дека руските власти се вмешани во неговото труење“.

Продолжуваат тврдењата за „режирање“ на протестите во Белорусија
Во врска со протестите во Белорусија, продолжува наративот присутен и досега – дека протестите на опозицијата против лажирањето на претседателските избори се поттикнати од надворешни сили (Западот, САД, или пак милијардерот и филантроп Џорџ Сорос), анализира euvsdisinfo.eu.

На различни места, се посочува на еден од овие три фактори, или пак на сите заедно. Во ваквите тврдења се вели дека „Американците ги раководат протестите“ од центар близу Варшава, преку канали на Телеграм“, дека „САД и ЕУ сакаат да го одвојат Минска од Москва, според `украинската стратегија`“, или пак дека „влијанието врз протестите е заеднички напор на Полска, Чешка, Украина, Литванија и САД“. Има и тврдења дека „полските тајни служби интервенирале за дестабилизација на Белорусија, исто како што направиле во Украина“. Сепак, има и нови тврдења – дека толпите демонстранти во Белорусија се компјутерски генерирана графика“.

Работите стануваат од гадни – погадни!
Покрај погорните, дежурни теми, во руски медиуми, во јавниот дискурс се изнесуваат и некои, најблаго речено, крајно навредливи дезинформации – дека Данска станува „рај“ за зоофилите. Имено, Алексеј Журављов, член на рускиот парламент, изјавил, а тоа било пренесено од руски медиуми, дека во Данска се отворени центри каде што човек може да дојде и „да силува желка“.

Ваквите тврдења – дека Данците се зоофили, биле присутни и претходно, како доказ за „моралната расипаност на Западот“. Во таа насока се и дезинформации изнесени во Русија дека „хомосексуални двојки може да отидат на саем во Брисел и да си купат бебе“, потсетува euvsdisinfo.eu.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...