За една недела направени 12.799 инспекциски надзори

-

Во периодот од 27 мај до 3 јуни преку засилени контроли на шесте инспекциски служби спроведени се вкупно 12.799 надзори во врска со одлуките на Владата за заштита и превенција од корона вирусот, информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска на денешната прес-конференција.

Најголем дел од надзорите, 11.504 ги направиле инспекторите на Државен пазарен инспекторат. Само на 28 мај кога се отворија угостителските објекти, направени се 676 контроли и тој ден упатени се усни укажувања и опомени.

„Се премина на подрастично санкционирање на прекршувањата. Поведени се 25 кривични пријави за кршење на Законот и протоколите. Воедно, затекнати се дваесетина нерегистрирани угостителски објекти во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Куманово“ – изјави Филиповска Грашкоска.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 229 надзори и изречени се 13 решенија за констатирани лоши хигиенски услови во објектите и неспроведување на дезинфекција, како и 17 казнени мерки едукации каде не се воспоставени и имплементирани процедури за добра хигиенска пракса.

Од страна на Државниот инспекторат за труд спроведени се 504 контроли кај работодавачи, донесени се 4 решенија и 20 укажувања за работодавачите кои што не постапиле по препораките на Владата.

Државен инспекторат за транспорт пак, реализирал 290 надзори и забележал 7 прекршувања на уредбите и протоколите, од кои 3 се однесуваат на посебен меѓуопштински линиски превоз на патници во Штип и 4 прекршувања во меѓуопштински превоз во Брвеница.

Инспекторите од Државениот здравствен и санитарен инспекторат направиле 225 надзори над различни субјекти од нивна надлежност. При тоа, издадени се 55 дозволи на транспортери професионални возачи, со цел да се обезбеди непречена достава на стоки во време на пандемија.

Агенцијата за лекови и медицински помагала „МАЛМЕД“ спровела 47 контроли и констатирано е дека нема специфични отстапувања и секторот се придржува до препораките од Владата.

Европските лидери се собираат во Париз да разговараат за иднината на Украина

По суровото освестување за состојбата на трансатлантската алијанса изминатиот викенд, клучните европски лидери денес се среќаваат во Париз за да утврдат како да продолжат понатаму со помошта за Украина, пренесува Гардијан. Нивната...

Во Лабораториум се оддржа Државното првенство во друштвената игра „Катан“ организирано од Гоблин

Оваа недела во културниот центар Лабораториум се одржа Држаното првенство во популарната друштвена игра „Катан“ коешто беше организирано од „Гоблин Друштвени игри“. На првенството право на учество имаа 64 учесници коишто се...

Филмски факт: Како Модиљани (не) го победил Пикасо на сликарски натпревар

Режисерот на биопикот за сликарот Амадео Модиљани, Мик Дејвис, сепак ја истуркал сопствената верзија, која иако не доби пофални критики (напротив, некои од нив беа дури и отровни) и помина прилично...

Во РСМ никој не сноси одговорност што со години не се почитува основното право на образование на децата кои го прекршиле законот

За малолетниците кои го прекршиле законот во Северна Македонија, државата со години не го почитува правото на образование загарантирано со Уставот и меѓународните конвенции. За овој прекршок досега од никого не...

Европските лидери се собираат во Париз да разговараат за иднината на Украина

По суровото освестување за состојбата на трансатлантската алијанса изминатиот викенд, клучните европски лидери денес се среќаваат во Париз за да утврдат како да продолжат понатаму со помошта за Украина,...