Во последната недела, од 135 тестирани, позитивни на ковид се четири лица, пишува во најновиот извештај за состојба со ковид во земјава на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во последните два месеци се регистрира намалување на бројот на позитивни, но и на бројот на тестирани лица. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест.
Што се однесува до болеста пертусис, односно голема кашлица, во последната недела пријавени се 5 нови случаи на голема кашлица, за 44,4 отсто помалку во споредба со претходниот седмодневен период. Пријавени се по 2 случаи од Скопје и Куманово и еден случај од Битола. Во однос на возраста, по едно од заболените лица припаѓа на возрасните групи под 1 година и од 1-4 години, а три лица се на возраст од 5-9 години. Во однос на вакциналниот статус, 3 лица не се вакцинирани, по еден случај е комплетно вакцинирани или вакциниран согласно возраста. Хоспитализиран е еден случај на возраст под 1 година.
Во однос на сезонскиот грип и заболувањата слични на грип, во последната недела пријавени се 64 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 4,5 отсто помалку во споредба со претходната недела. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, па Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население.
