fbpx

За една недела бројот на нови ковид-случаи пораснал за 65,8 отсто

-

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65,8 отсто, информираат оттаму.  Тие констатирале и дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи.

„Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз“, велат оттаму.

Од Комисијата за заразни болести препорачуваат граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

„Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, додаваат оттаму.

Мета неодамна пишуваше дека наесен ковид случаите може уште повеќе да пораснат, но дека состојбата нема да биде драматична.

Епидемиологот д-р Александар Стојанов смета дека сепак треба да има четврта доза вакцина за ризичните групи.

„Ковидов не е искоренет. Имаме неколу десетици случаи на дневно ниво иако нели за среќа нема починати лица. На почеток кога ги имавме овие бројки од по 50 на ден, се фаќавме за глава, но сега не е така. Добра работа завршија вакцините, но имаме и колективен имунитет“, вели Стојанов.

Наесен ковид-случаите може да пораснат, но состојбата нема да е драматична

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...