fbpx

За една недела, бројот на ковид позитивни зголемен за 35,5 проценти, а смртноста за 7,1 процент

-

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 28 септември до 04 октомври тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, 1,5 отсто повеќе во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5 проценти во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12,2 проценти или три отсто повеќе во однос на претходната недела.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=239, 19,9 проценти). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=220; 18,3 проценти), 50-59 (n=200; 16,6 проценти), 30-39 (n=222; 18,5 проценти) и 20-29 (n=194; 16,1 проценти). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 3,2 проценти) и 10-19 години (n=90; 7,5 проценти). Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60 проценти односно 46,1 проценти, соодветно,“ се вели во Извештајот.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1074; 89,3 проценти), регистрирани се 142 (13,2 проценти) хоспитализирани, а кај 280 (26,1 проценти) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

„Од вкупниот број на нови случаи во периодот од 28 септември до 4 октомври, 403 (37,6 проценрти) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3 проценти) лица со историја на патување во последни 14 дена.Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....