За една недела 12 нови случаи на ковид, „Фајзер“ вакцини се достапни во вакциналните пунктови

По период на многу слаба активност, во летото 2024 година детектирана е зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија

-

Во период од една недела, во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирале 12 нови ковид случаи, информираат оттаму. По период на многу слаба активност, во летото 2024 година детектирана е зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест.

Од новите случаи, регистрирани се заболени лица во возрасни групи над 30 години, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 24 лица. Во текот на минатата недела не е пријавено починато лице асоцирано со ковид-19.

Министерството за здравство минатата недела обезбеди нови количини вакцини против ковид-19 од производителот „Фајзер“. Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом.

Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар. Вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.

„Потсетуваме дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања“, рекоа во министерството.

МОН: Историја, географија, физика, хемија и биологија повторно ќе бидат посебни предмети

Направени се измените на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта, информираат од Министерството за...