fbpx

За еден резервоар, Македонците треба да работат три дена, Хрватите еден ден, а Словенците четири часа

-

Црногорскиот весник „Дневне новине“ направил анализа во која ги споредува цените на бензините во земјите од поранешна Југославија и колку му треба на просечен работник да заработи за да наполни полн резервоар, пишува „Пословни“ (poslovni.hr).

Пресметката е направена врз основа на најновите цени на бензините што вчера стапија на сила во сите земји од регионот.

Од сите држави во поранешна Југославија, во Македонија еден час работа е најмалку платен. Македонците за осум часа просечно заработуваат по 16 евра и за полн резервоар бензин треба да работат три дена, а за полн резервоар „евродизел“ треба да работат 30 часа.

Цената на бензините во споредба со регионот е значително пониска, па еден литар бензин чини 1,17 евра, додека „евродизелот“ е најевтин и чини 0,93 евра.

Хрватските граѓани полнат најскапо гориво од сите држави во регионот, па имајќи предвид дека работат за 9,4 евра на час, за полн резервоар мораат да работат цел ден, односно 6,5 часа за 50 литри „евродизел“.

Словенците заработуваат 15,6 евра, па за полн резервоар бензин мора да работат нешто повеќе од четири часа, а доколку полнат „евродизел“ – и нешто помалку.

Ситуацијата во Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора, што се однесува до бројот на часови што мора да ги сработат за да го наполнат резервоарот е полоша од Хрватска, но причина за тоа е помалата плата што ја примаат вработените во тие земји.

Црногорците за еден час во просек заработуваат 2,7 евра, па за полн резервоар мораат да работат три дена. Граѓаните во БИХ се во идентична ситуација со Црногорците, кои, исто така, работат три дена за полн резервоар гориво. Србите, пак, за полн резервоар гориво работат и по 3,5 дена, а речиси четири за 50 литра дизел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред

Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие - Скопје. „Дежурни од 7 до 14 часот ќе...