За две недели, три случаи на залутување на Галичица

-

Викендов од страна на СВР Охрид, беше алармиран оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС), со информација дека на територија од НП „Галичица“, изгубено е повозрасно женско лице, жител на општина Струга, кое заедно со свој близок роднина, во околината на врвот Лако Сигној, собирале шумски плодови.

Двете лица се разделиле и подолго од пет часа, не можеле да воспостават меѓусебен контакт, по што едниот побарал помош од СВР Охрид. Оперативниот центар на ПСС, веднаш мобилизирал осум свои припадници и со две возила се упатиле на терен, а била воспоставена и координација со граничната полиција од граничниот премин во Св. Наум. За среќа, кратко по тргнувањето од центарот, тимовите биле известени дека лицата воспоставиле меѓусебен контакт и потрагата била прекината.

ПСС апелира до граѓаните, особено до собирачите на шумски плодови, да се движат строго на познати територии, да превземаат мерки за заштита од надворешни влијанија соодветно со условите на теренот и метеоролошките услови, како и да се движат во групи од најмалку две лица, бидејќи во случај на било каква незгода, најефективна е помошта која можат да им ја укажат нивните пријатели од групата, а многу подоцна ќе пристигне помошта од спасителите тимови.

Од денеска започнува пријавување за вакцинација против сезонски грип

Преку веб страницата vakcinacija.mk, од денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат во Министерството за здравство. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против...