За да постане велосипедска рута, стариот пат Охрид-Струга мора да го прекатегоризира Владата

-

По речиси еден месец од смртта на младиот 17-годишен велосипедист од Струга на регионалниот пат Охрид-Струга којшто беше прегазен од автомобил, државните институции и општински власти си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да изгради велосипедска патека на овој патен правец или целосно да го затвори патот и од него да направи велосипедска патека што ќе ги поврзе двата града.

Граѓаните од Струга пред неполн месец одржаа протест за проширување на регионалниот пат со изградба на велосипедска патека, со која ќе се поврзат Охрид и Струга. Ова барање на жителите од градот коинцидира со идејата што Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Охрид ја презентираше во 2015 година за целосна пренамена на стариот пат Охрид-Струга во велосипедски пат. Покрај за задоволување на големиот интерес на жителите од двата града и околните населени места за патување со велосипед, ваквата велосипедска патека би ја подобрила и туристичката понуда во Охридско-струшкиот регион.

„Мета.мк“ постави прашања на оваа тема до Јавното претпријатие за државни патишта, ЈП Македонија-пат и општините Струга и Охрид. Од ЈП Македонија-пат во телефонски разговор ни одговорија дека тие како претпријатие не се надлежни за пренамена на било кој патен правец во земјава, а нивната надлежност завршува со крпењето на дупки на патиштата и поставувањето на знаци крај патот.

Од Општина Охрид не добивме одговори на поставените прашања, но локалните власти од Струга за „Мета.мк“ велат тие не се надлежни за да го затворат стариот пат Охрид-Струга за движење на возила. Тврдат дека македонската влада има надлежност по ова прашање, а за решавање на проблемот треба да се ангажира и Центарот за развој на Југозападниот плански регион, кој треба да работи во интерес на сите засегнати општини од регионот за оваа проблематика.

Со сличен став како и Општина Струга, од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ се прогласуваат за ненадлежни за да го прекатегоризираат овој регионален пат и да го затворат патот за моторен сообраќај. Според актуелниот Закон за јавни патишта, прекатегоризација на државните патишта може да изврши единствено Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски.

Од ЈП за државни патишта објаснуваат дека до Министерството за транспорт и врски треба да се испрати барање во електронска форма за добивање на решение за траен режим на сообраќај, по што владата на седница може да изврши прекатегоризација на патниот правец.

„Согласно Законот за јавни патишта, Решение за трајна измена режим на сообраќај на државен пат, издава Министерството за транспорт и врски по поднесено Барање на електронскиот систем е-режим“, велат од ЈП за државни патишта.

Инаку, „Мета.мк“ веќе подолг временски период пишува за потребата од изградба на велосипедски патеки кои би ги поврзале ближните градови во земјава, каде што постои интерес за користење на велосипедскиот превоз во патувањата на граѓаните. Од албанска страна на крајбрежјето на Охридското езеро, веќе е изградена  велосипедска патека и истата профункционира уште пред неколку години. Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ додека работел на Смарт Охрид во минатото, изработиле проект за изградба на велосипедска и пешачка патека долж крајбрежјето на Охридското езеро, но за жал тој проект не постанал приоритетен кај властите во моментот.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...