fbpx

За Бејли, Договорот од Пржино не е мртов

-

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во интервју за „Канал 5“ вели дека Договорот од Пржино не е мртов, но дека од утревечер ќе стигне до точката од каде нема враќање.

– Клучното прашање сега е да се одлучи денот на изборите. Тоа е најкритичкото прашање во писмото што му го испративме на премиерот. Сè уште сум убеден дека Договорот од Пржино е жив. Тоа е патот што води кон излезот од кризата. Имаше други моменти кога тој договор некои сметаа дека е мртов и секогаш луѓето седнуваа и донесуваа одлуки и се одеше чекор понапред, па оптимист сум и тоа ќе останам, бидејќи така се завршуваат работите – вели Бејли.

Американскиот амбасадор рече дека се согласува со објавата на еврокомесарот Јоханес Хан на “Твитер“, кој напиша  дека поважни се веродостојни избори отколку датумот, но дека сега сè зависи од политичките лидери и од Собранието.

– Не избираме страна, не застапуваме ставови на една или друга партија. Нашата задача е да се трудиме на партиите да им овозможиме консензус и земјата да се придивижи напред – рече Бејли и додаде дека прашањето за реформите во медиумите ќе остане отворено затоа што политичките партии не успеаја да постигнат заедничка согласност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...