fbpx

За 34,9 отсто зголемен бројот на новозаразени со ковид-19 во однос на претходната недела

-

Од 14 до 20 септември годинава, тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е за 15,7 проценти зголемување во однос на минатата недела. Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата, што претставува зголемување од 34,9 проценти во однос на изминатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (27,4 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 154,3 на 100.000 жители. Во истиот период, во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20, информираат од Министерството за здравство, согласно извештајот на Институтот за јавно здравје.

Оттаму посочуваат дека процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 9,8 проценти или 1,4 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Кај заболените лица, најзастапена е возрасната група на возраст над 60 години (22,4 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (18,5 отсто), 30-39 (18,2 отсто), 40-49 (15,7 отсто) и 20-29 (15,5 отсто). Додека пак, најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (3,9 проценти) и 10-19 години (5,9 проценти).

Како што покажува извештајот на ИЈЗ, од случаите кои се епидемиолошки истражени (95,4 проценти), регистрирани се 80 (8,4 отсто) хоспитализирани (намалување од 37,0 отсто во споредба со минатата недела), а кај 268 (28,2 проценти) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи во периодот 14-20 септември, 313 (32,9 проценти) имаат контакт со потврден случај, а регистрирани се и 33 лица со историја на патување во последните 14 дена.

Во споменатиот период, од добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 636 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Од ИЈЗ велат дека пријавени се 48 смртни случаи, 21 повеќе од минатата недела. Во однос на возраста, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите, 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 од починатите лица.

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче најави дека здравствените власти размислуваат за нови рестрикции поради влошувањето на состојбата со ширењето на корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...