fbpx

За 24 часа нови 63.270 заболени од Ковид-19 во светот

-

За само 24 часа, бројката на случаи на Ковид-19 во светот се искачи за 63.270 и претпладнево изнесува 787.010 случаи, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот.

Порастот што е регистиран во изминатото деноноќие е сличен на тој на 26 март, кога првпат дневниот пораст на нови случаи ја премина границата од 50.000.

Во моментот најмногу случаи со новиот корона вирус има САД, со 164.610.

164.610 САД
101.739 Италија
87.956 Шпанија
82.240 Кина
66.885 Германија
45.170 Франција
41.495 Иран
22.454 Обединетото Кралство
15.922 Швајцарија
11.899 Белгија
11.817 Недерландија
10.827 Турција
9.786 Јужна Кореја
9.634 Австрија

Бројката на вкупно смртни случаи во светот од новиот корона вирус пак е 37.829 случаи, што е 3.811 повеќе од вчера.

Првото место го држи Италија, со 11.591 смртен случај, односно 812 повеќе отколку што беа регистрирани вчера.

11.591 Италија
7.716 Шпанија
3.187 кинеската провинција Хубеј
3.024 Франција
2.757 Иран
1.408 Обединетото Кралство
914 градот Њујорк, САД
864 Недерландија
645 Германија
513 Белгија
359 Швајцарија
168 Турција
165 Бразил
146 Шведска

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...