fbpx

За 12 часа пожарникарите во Куманово изгасиле пет пожари

-

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека противпожарната единица во Куманово имала пет интервенции.

Во Липково гореле околу 20 хектари сува трева и мал дел нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат во 20 часот, информира денеска РЦУК- Куманово.

Овој пожар час и половина го гаселе петмина пожарникари со едно противпожарно возило, петмина вработени во подрачната единица на ЈП „Македонски шуми“ и двајца вработени од Полициската станица Матејче.

Повеќе од четири часа, седумина пожарникари со две противпожарни возила гаселе запалена сува трева и стрниште во кумановското село Љубодраг. Во пожарот биле зафатени и неколку пчелни семејства.

Од ТППЕ Куманово вчера интервенирале трипати и во урбана средина и гаселе пожари на запалена сува трева. Најпрвин, горела сува трева на улицата Доне Божинов, во Диво Насеље, на улицата Скопска и последната интревеницја била на Михајло Пупин.

Во моментов нема активни пожари во кумановскиот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...