Wuthering Waves е аниме игра која што е бесплатна и бара просечен компјутер за играње и по предизвиците што ги нуди моментално е најиграна од сите аниме игри.

Девелоперите „Kuro Games“ кои ја развиваат играта навистина слушаат што сакаат играчите да се имплементира и иако играта имаше лош старт своевремено на почетокот со многу багови, сега е исполирана до перфекција со сите новитети што сакаа да ги видат играчите во играта и е плус збогатена со огромна креативност и разнолики графички дизајни. 

 

Играта е многу слична на Геншин Импакт која е наменета за деца и за која имаме повеќе написи. Но исто така и слична и со Хонкаи: Стар Рејл која е за возрасни.

Wuthering Waves навлезе во категоријата за возрасни особено со тоа што направија самите главни непријатели во играта да бидат претерано тешки како во Souls игрите. Играчите го гледаат како предизвик и уште повеќе расте интересот за WuWa (скратен назив за Wuthering Waves). Најпосакуваниот лик во играта е „Cartethyia“ прикажан во трејлерот погоре.

Дел од старите главни непријатели и нивните холограмски верзии се подобрени и обновени, но секако има и претешки нови босеви но тоа што е интересно е што босевите имаат ВИ (Вештачка Интелигенција) која не се одвива со иста патерна што може да се извежба, затоа што босевите изненадуваат со непредвидливи напади и рандомизирано се движат во секој нов обид да бидат победени. Еве пример за какви рефлекси за избегнување удари, парирање и последователно враќање удари се потребни во самата игра:

Слично како еден од најтешките босеви во Souls игрите Ишин Ашима (последниот главен) во играта Секиро, кој иако има патерна знае да изненади со сосема непредвидливи потези и напади, во WuWa ова е однесено до претеран лимит, каде победата над таков главен дава чувство на мајсторство во играта. Исто така во играта секој посебен надграден лик има и своја различна улти магија која во оваа игра најчесто има најголем AOE (Area of Effect) домет и опфатност на нанесување штета на противникот. Еве како изгледа тоа во акција: 

Исто како во Геншин Импакт и Хонкаи: Стар Рејл се прави цела палета на колекција на херои и херојки кои ги менувате за различни ситуации и потреби базирани на слабости на главните -на пример ако непријателот е ранлив на оган земате волшебник што е специјализиран за огнени магии. 

Но играта и немора да се игра со алтернативните ликови, бидејќи и базичниот лик што ве претставува во приказната е доста моќен да се справи со секоја ситуација особено ако сте стигнале подалеку во играта. Може да играте и машки и женски главен лик по избор, но хероите што ви се придружуваат се фиксни како ликови. 

Играта има приказна што предизвикува да ги засакате застапените споредни ликови, но како и сите аниме и магна приказни е пролонгирана во недоглед со заплети, расплети, препознавања и изненадувања. Сепак нуди многу различни доживувања и авантури. Играта може да се игра тотално соло како Single Player игра или и со други играчи -што е попрепорачливо за поминување на последните главни во WuWa. Исто така како дел од приказната играта содржи прекрасни синематици, како за приказната за ликот „Cartethyia“: 

Исто така по почетниот дел во кој се запознавате како се игра играта можете да дојдете веднаш во најновата зона и најновиот град без да поминувате основни кампањи од почеток до крај што е случај во повеќето ММО-а. 

Амбиенталната музика во играта и дава епско чувство на авантуризам и отворен свет па и доза на сентименталност, особено е фалена музиката навечер во главниот град од најновото ажурирање на играта.

Нивото на имерсија (внесеност на играчите) во играта е со висок степен, дека сепак се работи за игра базирана и на многу грајнд и истражување на територии. Ова е релаксирачката музика застапена во различните зони од играта: 

Играта е сосема бесплатна и не бара јак компјутер и попрепорачливо е да ја симнете и играте преку главниот вебсајт одошто преку Steam. Ионака нема ачивменти на Steam, но во самата игра има систем со многубројни ачивменти. 

Негативните фактори на играта се веројатно само претераните светлосни ефекти кои знаат да заслепуваат и да наштетат на видот, други две игри со овој фактор се Black Desert Online -за која имаме повеќе написи и Хонкаи: Стар Рејл. И навистина ниедна од гореспоменативе игри не е препорачлива за луѓе што се склони кон епилептични напади или имаат премногу сензитивен вид. 

Со глобалниот пораст на заинтересираност за аниме уметноста кај младите генерации почнаа да се развиваат естетики од невидени размери особено во видеоигрите од овој жанр. За следната аниме игра што се очекува во иднина со нетрпение односно играта во најава Silver Palace имаме посебен напис овде и се смета дека таа ќе ги поткрене аниме игрите на сосема ново подобро ниво на креативност, изглед и можности. 

Ако имавте потешкотии да ги разберете гејмерските термини во овој напис, ви го препорачуваме нашиот Водич за термини во RPG игри, каде секој израз е објаснет што значи.

На YouTube за WuWa има „цела експлозија на видеа“ и снимени преигрувања на играта и моментално интересот за WuWa ги надминува сите други достапни аниме игри ширум светот поради достапноста, бесплатноста и квалитетот.