Најновиот гејм мод во World of Warcraft – Plunderstorm повторно се враќа. Забавен и брз гејмплеј преку комбинација од Battle Royale, жанрот од играи како Fortnite, и MOBA во стилот на Smite.
Преку WoW Plunderstorm може да отклучите секакви скинови и Минипетови (мали миленичиња кои што ве следат) и Маунтови (животни кои што се јаваат) сосема бесплатно. Но се користи валута која што е сместена во самиот мод.
WoW Plunderstorm ќе трае до 17 јануари, додека е во оптег покрај тоа што скиновите (промена на изглед на парчиња на облека, оклопи и оружја) и ачивментите (достигнувањата) ги добивате во гејм модото, ќе ви се појавуваат и во World of Warcraft The War Within најновата експанзија.
Овој гејм мод е толку лесен што изгледа како првично да е наменет за најмали деца, но секако младите и повозрасните играчи го грајндаат за да отклучат сѐ пред да истече рокот кога можат да се земат овие екслузивни скинови тематски поврзани со пирати. Неслучајно е темата „пирати“ – во подконтекст е вид на критика на Близард за интернет пиратерија и нивната борба против таа појава. Што немора да значи дека секогаш тоа е лошо – бидејќи многу луѓе во светот доаѓаат до информации, филмови, музика и игри преку пиратерија затоа што друг начин и немаат поради ограничени финансии и неорганизирани држави во кои живеат.
Исто така овој гејм мод се чини дека е наменет за случаи кога родителите играат WoW а децата им се премали за базичната игра – па можат преку модот „Plunderstorm“ да им пружат на најмалите инстант забава да поиграат на нивниот акаунт гејм мод за кој имаат повеќе афинитет и што им е познат.
Како и секогаш Близард сакаат „да пумпаат вештачки хајп“ и овој пат за да се „избуста“ и крене популарноста на овој дел од играта организираат еден куп јутубери и стримери да се натпреваруваат во играта, како што може да се види во следното видео:
Скиновите и се’ што ќе отклучите преку Plunderstorm се користат во World of Warcraft веднаш – но има само еден услов. Ако се работи за сет од ајтеми или колекција, мора да се отклучат сите парчиња и составни делови од сетот и да се активираат кај првиот вендор со еквипување за да ги користите во самата World of Warcraft како парчиња оклоп и оружја.
Ова е сепак добар знак за тоа што Blizzard преку WoW експериментираат со нови додатоци и се очекува во иднина да има многу вакви евенти -каде главната игра е видоизменета на различни начини -и со други тематски варијанти.