WhatsApp воведува опција со која пораките се бришат

Фото: https://blog.whatsapp.com/

Од социјалната мрежа WhatsApp на нивниот блог соопштија дека воведуваат нова функционалност на нивната платформа. Новото надоградување ќе им овозможи на корисниците да ја вклучат новата опција наречена пораки кои исчезнуваат. Со нејзино вклучување во одреден разговор или пак група се овозможува автоматско бришење на пораките кои се постари од 7 дена.

Целта на оваа нова функционалост е разговорите на оваа платформа да добијат пореално чувство.

„Започнуваме со 7 дена бидејќи сметаме дека тоа соодветствува со вистинските разговори кои не се трајни, но сепак со практичноста на разговор каде што помниме што сме разговарале. Листата за шопинг или пак адресата на продавницата што ви пристигнала пред неколку дена ќе бидат таму додека ви требаат, а ќе исчезнат откако повеќе не ви се потребни“ – велат во објавата на блогот.

Оваа нова функционалност е пуштена во употреба, а целосното соопштение можете да го прочитате овде.