Вучиќ: Нормално дека нема да имаме голем собир на 28 јуни, и нема да има митинг на кој ќе учествувам

„Го најавивме тоа пред четири или пет месеци, но погледнете ги чудата, какви перверзни инверзии, можевме да видиме како организираме контра-митинзи. Никогаш не сме организирале контра-митинзи.“ нагласи Вуќич.

-

„Нормално дека нема да имаме голем собир на 28 јуни. Нема да има митинг на кој јас ќе учествувам“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи утрово во Утринската програма на РТС, пренесува Данас.

„Го најавивме тоа пред четири или пет месеци, но погледнете ги чудата, какви перверзни инверзии, можевме да видиме како организираме контра-митинзи. Никогаш не сме организирале контра-митинзи. Сега ви кажувам, за три месеци ќе бидам еден од оние што ќе ги штитат тие што го блокираат народот. Запомнете ги моите зборови. Ќе ги штитам од обичните луѓе поради сè што направија тие што не блокираат, бидејќи немаат друга цел освен да пробаат нешто со сила. Тие нема да разберат. Премногу пари се вложени однадвор и тоа мора да продолжи“, нагласи Вучиќ.

Тој исто така рече дека изборите во Зајечар и Косјериќ се завршени за него.

Тој рече дека „благодарение на ректорот Ѓокиќ“ и студентските блокади, Србија имала најголем егзодус на српски студенти во историјата, „поголем отколку и во Првата и во Втората светска војна“ и дека затоа бил потребен нов Закон за високо образование.

„Ќе се погрижам овој закон да добие мнозинство во парламентот. Ова ќе овозможи поголеми права за приватните универзитети, поголема конкуренција и пофер распределба на финансиските средства. Студентите кои сакаат да работат се нашата иднина“, рече Вучиќ.

„Доаѓа време за одговорност и тоа е најдобрата вест за граѓаните“, нагласи тој.

ИзворДанас

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Фронт 21/42: Охрид е дел од идентитетот, но упорно се уништува со криминал и корупција

Охридскиот Регион е значаен дел од нашиот идентитет, но неговите вредности веќе три децении безмилосно ги обезличуваат и уништуваат криминалот и корупцијата, кои се под заштита на институциите, велат од граѓанската...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан...