fbpx

Вучиќ: Нема да потпишам независност на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија сака да постигне мир со Албанците во Косово и пристојни меѓусебни односи, но како што нагласи, тој нема да ja потпише независноста на Косово

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија сака да постигне мир со Албанците во Косово и пристојни меѓусебни односи, но како што нагласи, тој нема да ja потпише независноста на Косово.

„Јас нема да бидам тој што ќе ја потпише независноста на Косово. Се срамам да одам низ Србија и да се правдам пред некого. Нема предавање, нема да ја признаеме ниту де факто, ниту де јуре независноста на Косово, но сакаме мир со Албанците, сакаме пристојни односи“, рече Вучиќ на средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата.

Во рамки на дијалогот меѓу Косово и Србија, премиерот на Косово, Албин Курти, и српскиот претседател Вучиќ, со посредство на ЕУ на 18 март ќе се состанат во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...