fbpx

Вучиќ: Имам попаметна работа од избори

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска не сакаше да одговори на новинарско прашање дали заедно со претседателските избори напролет следната година, ќе бидат одржани и вонредни парламентарни избори. Тој истакна дека за тоа ќе одлучуваат повеќе луѓе и дека каква и да биде одлуката, предизборната кампања ќе биде кратка.

– Каква и да биде кампањата, било само да е претседателска или парламентарна или и двете, за тоа ќе се одлучува кога ќе дојде време. Каква и да биде, изборната кампања ќе биде кратка – рече Вучиќ.

На заедничка конференција за новинари со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, Вучиќ рече дека не се занимава со избори затоа што има попаметна работа.

– Што се однесува до изборите, со тоа не се занимавам сега, далеку се изборите. Имам попаметна работа. Работиме вредно и внимателно и можеме да се пофалиме со резултати – додаде Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...