fbpx

Вучиќ ги повика Србите да не учествуваат во формирање војска на Косово

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги повика Србите од Косово да не учествуваат во формирање војска во Косово затоа што, како што рече, „Албанците ја формираат не за било што друго туку за да еден ден ја искористат и пукаат на Србите“.

После состанокот во Белград со претставниците на Србите од Косово, Вучиќ рече дека „зборот и молбата“ се единствениот механизам кој го има да спречи учество на Србите во „валканата работа“ на формирање косовска војска.

– Мојата молба до меѓународната заедница е да не го прават тоа. Не ги доведувајте Србите во позиција од која нема излез, затоа што од ние нашиот народ и држава не можеме и нема да се откажеме – рече Вучиќ.

Тој претходно изјави дека има сознанија дека Албанците на Косово планираат на 28 ноември, Денот на албанското знаме, да го одбележат со формирање на косовска војска. Тој рече дека е уплашен поради тоа што може да им се случи на Србите и на Србија, дека Србија е во тешка позиција, но дека ќе се зачува мирот и стабилноста на секој начин.

– Ние ќе го чуваме мирот и стабилноста на секој начин, но на никој нема да му дозволиме да протерува, прогонува или убива српско население – вели Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...