Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера за ТВ „Прва“ порача дека поради непослушноста на граѓаните кон мерките за изолација, ќе предложи на владата на Србија да се воведе полициски час кој ќе трае сите 24 часа, па никој не ќе може да излегува на улица дури ни за да купи храна.

Според него, мерките би можеле да стапат на сила веќе следната седмица, оти во текот на викендот се видело дека забраните не се почитуваат.

-Ако биде потребно, ќе ја донесеме таа одлука. Тоа подразбира дека никој нема да може да излезе на улица – рече тој.

Прашан како ќе се оди во продавница,тој рече „нема да се оди во продавница“ и порача дека за тоа треба да се размислува секој ден.

Инаку, српската полиција вчера уапси едно 57-годишен лице за ширење лажни вести преку социјалните мрежи, односно предизвикување паника и неред, попречување на правдата и спречување службено лица во вршење на службена должност.

Според наводите, Н.С. на Фејсбук објавил снимка во која изнел лажни вести „со што влијаел на спроведување на мерките за борба против корона вирусот“, а во неа исто така се заканувал на јавниот обвинител. Се очекува уапсениот да биде изведен пред јавен обвинител.