Второ издание на „Дојран Рок Фест“ на 6 август

Фото: Здружение Андерфест

Здружението Андерфест го најавува второто издание на фестивалот „Дојран Рок Фест“, што оваа година ќе се одржи на 6 август во Стар Дојран кај базенот на Хотел Романтик.

Овој пат како главен изведувач ќе настапи рок бендот „АРЕА“ кои оваа година го  прославуваат својот 30-годишен јубилеј. Како загревање и предгрупи, од Андерфест ги најавуваат Јовче Пандев со неговиот бенд, и рок групата „Sound Impulse“.

Од Здружението информираат дека картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar, а на врата билетот ќе чини 200 денари.

Настанот се реализира во поддршка на Министерството за Култура, Општина Дојран, Дојран Стил, Абсолут и Бифитер.