fbpx

Втората фаза од пругата кон Бугарија ќе почне да се гради од 2020 година

-

До крајот на годинава ќе се избере изведувач на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, а конкретни градежни работи на терен се очекуваат на почетокот од 2020 година. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ информираат дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во моментов врши евалуација на пристигнатите понуди во претквалификациската фаза од меѓународниот тендер за изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка.

Од министерството посочуваат дека на тендерот биле доставени 25 понуди од заинтересирани компании, при што најповолниот понудувач што ќе ја гради пругата ќе се знае по завршувањето на втората фаза од тендерската постапка. Вториот по ред тендер беше објавен пред една година, откако претходно беше поништена првичната постапка за избор на најповолен понудувач. Ваквиот развој на настаните го одолговлечи отпочнувањето на градежните работи на терен за изведба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка.

Првичната замисла за изградба на оваа пруга беше таа да се заврши со кредит од ЕБОР во висина од 145 милиони евра, но актуелната влада го намали предвиденото задолжување со обезбедувањето неповратен грант во висина од 68,6 милиони евра од ЕУ на Самитот за Западен Балкан којшто пред две години се одржа во Трст.

Железничката врска меѓу Бељаковце и Крива Паланка е со должина од 34 километри, со 15 планирани тунели, две железнички станици и три стојалишта на самата траса. Оваа пруга ќе се поврзе со пругата од Куманово до Бељаковце, чија изградба треба да заврши до крајот на 2019 година. Последната трета фаза од проектот за поврзување со Бугарија предвидува изградба на трасата од Крива Паланка до Деве Баир, со спојување со постојната пруга од бугарска страна кај Ѓуешево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...