Втор случај на делта-варијанта на корона вирус во земјава, Филипче очекува 600.000 вакцини до крајот на јуни

-

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потврди дека е откриен втор случај на заболено лице од делта-варијантата на корона вирусот во земјава, којшто првично беше регистриран во Индија. Тој дополни дека станува збор за колега на македонскиот државјанин кој првично беше откриен оти боледува од индискиот сој. И двете лица биле на работа во Ирак, каде што се заразиле од делта-варијантата на ковид-19. Кај вториот пациент симптомите се појавиле подоцна, информираше вчера Филипче.

Во однос на забавеното темпо на вакцинација во земјава, министерот Филипче информираше дека до крајот на јуни се очекува да пристигнат 600.000 дози на вакцини против ковид-19. Преку КОВАКС механизмот, на 28 јуни е предвидено да пристигнат 100.000 дози на вакцини од производителот „Фајзер/Бионтек“. Исто така, Филипче рече дека 250.000 дози од кинеската вакцина „Синовак“ ќе бидат испорачани на 27 или 28 јуни, а останатата пратка од 250.000 вакцини од Кина ќе пристигнат до крајот на месецов.

Според веб-страницата kovid19vakcinacija.mk, во земјава досега се вакцинирани 274.710 лица, додека речиси двојно поголем е бројот на заинтересирани граѓани за вакцинација – 454.104 лица.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...