fbpx

Втор циклус со 11 грантисти од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност -КриТинк“

-

Денеска се одржа првата средба со грантистите од вториот циклус на мали грантови кои се доделуваат во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност -КриТинк“, кој го спроведуваат Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“.

Во втората грантова шема се избрани 11 грантисти кои ги претставија своите проекти, како и медиумските партнери преку кои ќе ги промовираат активностите. Најголем дел од проектите се однесуваат на медиумско описменување на младите.

Програмскиот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Филип Стојановски, истакна дека основна цел на проектот е јакнење на капацитетите на граѓанските организации да работат на поголеми проекти.

„Целта е промоција на медиумската писменост за граѓаните да имаат медиумска култура и критичко мислење кое е неопходно за да бидат активни чинители во општеството. Да се помогнат граѓанските организации и медиуми да се вклучат за граѓаните успешно да се оспособат да бидат спремни да се соочат со предизвиците на денешните медиуми кои не ги опфаќаат само традиционалните туку и Интернетот, социјалните мрежи“, рече Стојановски.

Тој додаде дека преку добрите искуства и позитивни примери кои ќе се стекнат до крајот на спроведување на проектот, потоа ќе се дадат препораки за овие активности да се вршат на пошироко ниво. Она што е важно, е што овие 11 грантисти ќе имаат можност да се вмрежат, и тоа ќе им помогне во успешно спроведување на проектите и постигнување на што подобри резултати на локално ниво, каде што ќе дејствуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...