Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, а попладне, особено во западните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува.

Температурата во текот на денот ќе се движи во интервал од 30 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 36 Целзиусови степени.

До сабота ќе се задржи доста топло време, со повремено засилен северен ветер долж Повардарието, а в сабота ветерот ќе засилува, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Од недела ќе настапи намалување на температурите.