Времето претпладнево во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја, каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар. Ќе дува засилен југозападен ветер, над 70 километри на час, а на планините и над 100 километри на час.

Максималната температура ќе биде висока, во интервал од 8 до 16 Целзиусови степени. Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја. На планините, претежно на запад, ќе има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 30 сантиметри, а ќе има и појава на снежни наноси.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен ветер од југозападен првец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северозападен. Во текот на ноќта и во повисоките делови од Скопската котлина е можно врнежите да преминуваат во снег. Температурата ќе се движи од 2 до 12 Целзиусови степени.