Времето на целосно дигитализирани актери доаѓа со брзи чекори напред

Харисон Форд во најновиот филм за Индијана Џоунс- фотографија од Lucasfilm Ltd
фото: Indiana Jones and the Dial of Destiny | Official Trailer - Јутјуб / принтскрин

Едно од предвидувањата на научната фантастика за сосема „дигитализирани“ актери,  коишто можат целосно да бидат репродуцирани од компјутер со своите глас и појава – најчесто во верзија од нивната младост – има и сѐ повеќе индикации дека ќе стане реалност побргу отколку што мислиме. Со употребата на вештачка интелигенција (ВИ) може да се измонтира филмска снимка во која реалниот актер и не учестувал.

Примерот за такво нешто, направено во домашни услови, е шегобијната верзија на Јутјуберот Asmongold чијашто дигитална креакција кажува работи што тој никогаш не ги кажал.

Следното видео е пример на тоа што се рашири по интернетот како шумски пожар…

Кога вакво нешто може да се направи и измонтира во домашни услови со толкава сличност, може да замислите за што сѐ се способни луѓето и фирмите во филмската индустрија. Еден најскорешен пример за таков „скок” е најновонајавениот филм за Индијана Џоунс, во кој Харисон Форд се појавува во сосема дигитална помлада верзија на самиот себеси.

Ова е трејлерот во кој може да се види обработената верзија на помлад Харисон Форд:

За ова искуство го цитираме Харисон Форд:

„Тоа е моето вистинско лице на таа возраст“, ​​објасни актерот во емисијата „The Late Show“ на CBS со Стивен Колберт. „Тие ја имаат оваа програма за вештачка интелигенција (ВИ). Може да помине низ секој дел од ахривата на филмови што ги поседува Лукасфилм, затоа што јас направив еден куп филмови за нив и тие имаат цели колекции од снимки, вклучително и филмски материјали што не се излезени во јавност. Тие би можеле да направат датамајнинг, за да репродуцираат од каде доаѓа светлината, изразот на лицето. Но, тоа е моето вистинско лице. Потоа ми ставаат мали точки на моето лице и ги кажувам зборовите и тие го прават тоа. Фантастично е.”

Замислете само во каква ситуација ќе биде Холивуд околу авторските права и слично, кога ќе можат целосно да репродуцираат актери на кои „им поминало времето” – па дури и починати актери преку ВИ и да прават нови филмови со нив. Што би значело тоа и за обичните луѓе, кои, да речеме, сакаат да користат конструкт од Бред Пит за свој аматерски филм – дали ќе плаќаат процент на актерите и нивните семејства или на компаниите.

Во секој случај, доаѓаат интересни времиња во кинематографијата.