Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд и од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 6 Целзиусови степени.