Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе се движи од 7 до 15 Целзиусови степени, а максималната од 24 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време со температура до 30 Целзиусови степени.
До четврток следува период на сончево и релативно топло време, со натпросечни температури за овој период од годината.