fbpx

Времето денеска со врнежи од снег и со засилен ветер

-

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег. Врнежите најпрво ќе почнат во северните и во западните делови од земјава, а потоа ќе се прошират и во другите делови.

На југ врнежите најпрво ќе бидат од дожд, а попладне ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и во ноќните часови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 1 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со врнежи од снег кои ќе почнат уште претпладне, но ќе се интензивираат во попладневните часови. Во Скопско, попладне ќе дува засилен северозападен ветер.

Во Скопската Котлина можно е снежната покривка да биде од 10 до 15 сантиметри. Утринската температура ќе се спушти до минус 2 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 1 степен.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...