Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Попладне во западните делови и сосема на исток ќе има појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Утринска температура ќе биде 10 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 28 степени.