Градот Скопје информира дека утре 29 октомври, поради завршно асфалтирање на улица Бихаќка, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата Бихаќќа, и тоа на потегот од улица Востаничка до влезната капија на МВР.

„Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици. Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот“, информираат од Град Скопје.