Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги додели годишните награди за најуспешните книжевни остварувања објавени во 2014 година.

Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга ќе ја добие Радован Павловски, наградата „Стале Попов“ за најуспешна прозна книга ќе му биде врачена на Божин Павловски, а Георги Сталев ќе ја добие наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики.

Наградата „Ванчо Николески“ за најуспешна книга за деца ќе му биде врачена на Стојан Тарапуза, а Сеида Бегановиќ ќе ја добие наградата „Книжевен мост“ за најуспешна книга на јазиците на националностите.