fbpx

Врачување на државната награда „11 Октомври“

-

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ во областа на културата и уметноста.

Годинешни добитници на наградата се академик Митко Маџунков, писател, а во областа на науката и образованието ќе им биде доделена на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик, и на проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.

Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Македонија денеска ја одбележува 74-годишнината од почетокот на Антифашистичкото востание и народноослободителната војна, која почна кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Следниот ден се кренаа и партизаните од Кумановскиот одред.

Делегација на Собранието на Република Македонија и на Владата ќе положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, гробот на претседателот Борис Трајковски, гробот на генерал Михајло Апостолски и гробот на претседателот Киро Глигоров, како и на споменикот на Методија Андонов Ченто и Споменикот на паднатите херои за Македонија во паркот Жена-борец.

Во Прилеп по повод празникот се одржуваат низа манифестации. Празнувањето почнаа во петокот, а централната манифестација ќе се одржи денеска со импровизиран напад на градот и огномет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...