fbpx

Вработените во РЕК Битола работат со цел капацитет за да обезбедат струја за домаќинствата

-

Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, ја посети РЕК Битола, каде што заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски одржаа работен состанок. Битиќи се заблагодари на сите вработени во РЕК Битола за снабдувањето со доволно количество струја од домашно производство во овој период на енергетска криза.

„Штедењето на електрична енергија продолжува да биде одговорност за сите. Апелирам за разумно трошење, време за опуштање нема“, рече Битиќи.

Производството на АД ЕСМ стопроцентно ги задоволи потребите за електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Вчера, произведе 12.040 MWh електрична енергија со што целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

Директорот Ковачевски изјави дека е завршен ремонтот на термоелектраната и успешно е ставен во функција блок 1, а блок 2 континуирано е во функција.

Тој и Битиќи го посетија и рудникот „ПЈС“ или поранешен „Суводол“ каде констатираа дека има значителен ископ на домашен јаглен за производството на РЕК Битола, а со тоа и зголемено производство на електрична енергија.

„Им даваме силна поддршка на вработените, во овие тешки услови да ги исполнат плановите, бидејќи имаме обврска од Владата и граѓаните да испорачаме 25 отсто поголемо домашно производство на струја во текот на оваа година“, рече Ковачевски.

 

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download
download mobile firmware
Free Download WordPress Themes
lynda course free download