fbpx

Вработените во „Југохром“ бараат средба со Ахмети

-

Вработените во „Југохром Алзар“ бараат средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да се разгледа можноста за фабриката во Јегуновце да почне повторно да работи.

Во нивниот допис до Ахмети се вели дека средбата ја бараат од две причини.

„Цврста определба од сопственикот на компанијата дека ќе инвестира во системот за отпрашување и во поставување филтри, што би се реализирало до 70 проценти до крајот на годината, а целосно би се завршило до март 2018 година. Ова би се реализирало доколку се одобри повторното почнување со работа на компанијата, бидејќи и покрај работењето во летен период, загадувањето е минимално, што е докажано. Компанијата би работела сè додека загадувањето е во дозволените граници, односно до доаѓање на зимскиот период кога загадувањето од повеќе причини е зголемено“, се вели во дописот на „Југохром“.

Оттаму потсетуваат дека синдикатот на компанијата минатиот период повеќепати протестираше и бараше средби со претставници од Владата за да се реши нивниот проблем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...