fbpx

Вработените од „Југохром“ го блокираа автопатот Тетово – Скопје

-

Повлекување на одлуката на инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“, добивање на статус на работниците додека не се рестартира фабриката и забрзување на изградбата на филтер-станицата на комбинатот. Ова се трите барања што вработените, преку Синдикатот за индустрија енергетика и рударство, ги упатија на денешната блокада на автопатот Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино.

– Ние сме незадоволни од одлуката за затворање на фабриката и затоа решивме да го блокираме овој патен правец. Горенаведените барања, бараме да ни ги исполнат институциите и раководството на комбинатот, во спротивно ќе преземеме порадикални чекори, протести и блокади. Сега го блокиравме автопатот Тетово – Скопје, ако не ни се исполнат барањата, ќе го блокираме и стариот пат Тетово – Скопје и целосно ќе го закочиме сообраќајот – изјави Пеце Ристевски, претседател на синдикатот за индустрија енергетика и рударство.

Повеќе од 90 отсто од вработените во „Југохром“ живеат во Јегуновце и во Теарце, општини каде нема друга индустрија и други капацитети за вработување.

– Опстанокот на нашите семејства зависи од работењето на „Југохром“. Постојано се затвора фабриката, веќе добивме трауми. Тука работат 700 лица, но тие издржуваат цели семејства, значи без парче леб сега се повеќе од 2.000 лица, а башка има и надворешни соработници, кои со затворањето на „Југохром“ исто така се без работа – изјави вработен во „Југохром“.

Од синдикатот на „Југохром“ велат дека неправедно се обвинува комбинатот дека е најголем загадувач на воздухот во Тетово.

– Минатата година, кога „Југохром“ не работеше, од неколку невладини организации, истакнаа дека со неработењето на „Југохром“ воздухот бил многу почист. Извадија статистики дека кога „Југохром“ не работел во јануари 2016 година, воздухот во Тетово во споредба со истиот период во 2015 година бил за 40 отсто почист. Но, воздухот во 2016 година споредбено со 2015 година бил и почист и во Скопје и во Кичево. Значи загадувањето во суштина зависи и до временските услови, затоа што логички „Југохром“ нема никаква врска со воздухот во Кичево – изјави Бајрам Амити, претседател на синдикатот на комбинатот „Југохром“.

Поради пробивање на рокот за изградба на филтер-станица, инспекторатот за животна средина донесе одлука „Југохром“ да ги згасне печките на еден месец.

Од раководството на комбинатот изјавија дека до Владата имаат поднесено уште барања за продолжување на рокот за изградба на филтер-станица, која, според нив, не била навреме изградена поради сложената процедура за добивање дозвола за нејзина изградба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...