Вработените на „Фејсбук“ влегуваат на профили без лозинки

Вработените во „Фејсбук“ имаат можност без лозинка да пристапат до профилите на оваа социјална мрежа.

Од компанијата потврдуваат дека таквите права за пристап навистина постојат, но дека тие се под контрола.

– Спроведуваме ригорозни административни, физички и технички контроли за да се ограничи пристапот на вработените до податоците на корисниците – истакна портпаролот на „Фејсбук“.

„Постојат два одвоени системи врз основа на кои се регистрира сомнителното однесување, а тие системи даваат извештаи еднаш неделно, кои се разгледуваат од две независни безбедносни екипи“, стои во соопштението на „Фејсбук“.