Вработените кои користеа продолжено породилно отсуство се враќаат на работа од 23 септември

-

Мерката на Владата која беше донесена за продолжено породилно отсуство, поради ковид-кризата престанува да важи од 23 септември (среда), информираат од таму.

„Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство. Претходно, Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата и тие се ослободуваат од одење на работа,“ се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Измина точно еден месец откако Град Скопје, односно градоначалничката Данела Арсовска распиша јавен повик за избор на директор на Зоолошката градина Скопје, а засега нема никаков епилог од овој...