fbpx

Вработен во Воспитно-поправниот дом Тетово криел силување

-

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинение против раководителот на Секторот за обезбедување во Воспитно-поправниот дом Тетово – одделение во Велес, бидејќи не пријавил силување на малолетник од други штитеници на домот.
„Обвинетиот се товари дека во својство на службено лице, откако добил известување за сторено кривично дело силување малолетник од страна на други штитеници во домот, истото не го пријавил до надлежните органи, со што несовесно постапил и сторил кривично дело“, велат од обвинителство.

Надлежниот обвинител разговарал со вработениете во Воспитно-поправниот дом, а по наредба на надлежниот јавен обвинител било извршено и невропсихијатриско вештачење на оштетеното дете.

„До децата кои го сториле кривичното дело силување, Основното јавно обвинителсво во Велес веќе има поднесено барање за поведување подготвителна постапка пред судијата за малолетници во Основниот суд Велес и истата е во тек“, информираат од обвинителство.

Силувањето се случило на 19 мај, кога 16-годишно момче било силувано од четворица негови врсници. Момчето го пријавило случајот кај надлежните, но тие не презеле никакви мерки. Случајот бил пријавен во полиција откако момчето преку писмо успеало да го извести Народниот правобранител за грозоморниот чин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...