Во најновите гејминг вести на самиот стрим на настанот „Gamescom 2026“ беа прикажани нови трејлери од најавени а и досега ненајавени игри, ги издвојуваме „RPG“ насловите кои привлекоа најголемо внимание, меѓу кои највисоко котираат Ремастерот на „Вичер 3“, „The Blood of Dawnwalker“ играта со вампири, играта во најава наречена „Warlock: Dungeons & Dragons“ која изненади позитивно со нови инвентивни и експлицитни ритуални и борбени механики, играта „Турок“ базирана на стара игра каде постапокалиптичен преживеан американец староседелец со томахавка и високонапреднати оружја се бори против диносауруси и уште неколу наслови што вреди да се спомнат.
„Witcher III: The Wild Hunt Remaster“
Новитетите кои ќе ги има играта „Вичер 3“, покрај подобра графика текстури и бројни појачани техникалии, направени се многу измени во самото борење со меч и камерата во комбатот е модифицирана за подобра перспектива, а и додадени се нови финишери кога екзекутирате различни непријатели и чудовишта. Дури и движењата на ликовите се исполирани и надополнети да делуваат поприродно, а обработени се и проширени и сцените со дијалозите во текот на приказната.
Тимот на фирмата „CD Projekt Red“ известија дека ремастерот на „Вичер 3“ ќе биде објавен во септемви и доаѓа како бесплатна надградба за сите што веќе ја купиле и ја имаат играта на „PC“ и конзоли, згора на тоа за играчите кои ја купиле претходно само основата верзија сега ги имаат добиено претходните две експанзии „Heart of Stone“ и „ Blood and Wine“ сосема бесплатно. И најавена е нова експанзија наречена „Songs of the Past“ -а што се однесува до „Вичер 4“ каде главен лик е принцезата Сирила (Сири) Полските девелопери обавестија дека ја планираат да излезе дури во 2028 година, затоа што сакаат темелно да ја сработат. Повеќе за ликот на „Вичерот“ може да прочитате овде.
„The Blood of Dawnwalker“
Играта со вампирот хибрид по име Коен кој е и „дневен шетач“ слично како ликот „Блејд“ од Марвел само во средновековна верзија -кој што е полу вампир и ловец на злобни вампири, е направена од девелоперите „Rebel Wolves“ кое има и изработувачи на видеоигри кои работеле на „Вичер“ серијалот. Всушност подетални информации за играта може да прочитате на следниот напис каде е детално објаснето сè околу играта при нејзината прва најава.
„Warlock: Dungeons & Dragons“
Гејмплеј трејлерот открива дека конечно е сработена асална игра со „вештерство“, со гротескни сцени, интересни непријатели и интерактивна околина за чии пречки имате соодветни магии кои се употребуваат комбинирано и ситуациски.
Што се однесува до комбатот има огромен варитет на опции кои може да ги употребите во борба, може да се борите како на „Souls“ игрите со меч и штит, но може и да комбинирате магии и блиска борба и можноста за подготовка пред главни чудовишта е сличност со „Вичер 3“. Сепак за оваа игра стои етикетата „Dungeons & Dragons“, но никој не се надеваше дека волку добри и многубројни опции ќе се употребат -за женски лик со антихеројска естетика што користи црни магии да совлада чудовишта и демонски грдосии како „Warlock“ но на страната на добрите луѓе. Иако во директен превод ова значи „Вештер“ не ја нарекоа играта „Вештерка“ затоа што во „D&D“ класата „Warlock“ се игра и со женски ликови. Архетипски приказ на оваа класа е одлично претставено во „Диабло“ серијалот каде е доста добро доловена класата и нејзината улога за што може повеќе да прочитате тука.
„Turok Origins“
Првата игра Турок беше интересна своевремено кога се појави пред повеќе од дваесетина години, ова обновување на дражот на тој впечатлив наслов од првичната ера на пукачките игри изгледа дека ќе биде успешен наслов што преработува веќе зададена тема. Естетиката на играта овојпат се доживува со перспектива од трето лице, омилена кај повеќето гејмери особено играчите на „RPG“ игри.
„Turok Origins“ според трејлерот потсетува на два серијала на игри „Doom“ и „Warframe“, со големи пресликани сличности, оружјата се „Думоидни“ додека технолошките одела потсетуваат на оние од „Warframe“ како и начинот на движење на ликовите.
Всушност премисата во „Турок“ е дека по апокалипса од високо технолошки развиена цивилизација која пропаднала, повторно еволуираат диносауруси, а од преживеаните Американците Староседелци ја превземаат улогата за борење против нив и против луѓе искористувачи на природата, што повторно би ја донеле планетата во понор што се однесува до опстанокот на луѓето.
Неслучајна е тоа што главните ликови се токму Американци Старосецелци од повеќе причини: еколошки, историски и филозовски. Претходна релативно неодамнешна историска претстава на Американците Староседелци, погрешно таканаречените „Индијанци“, во видеоигрите има серијалот игри „Red Dead Redemption“ за што може повеќе да прочитате на следниот линк.
Другите впечатливи најавени игри со трејлери се „Tides of Annihilation“ игра за која може да прочитате овде. Потоа новонајавената „1001 Treads of Izan“ -каде насловот на играта е несомнено инспириран од насловот на добро познатата книга „1001 Ноќ“ во комбинација на античка напредната цивилизација. Исто така има и нов трејлер за новата фасцинантна игра „Control: Resonant“ за која може да прочитaте повеќе тука.
Ако имавте проблеми да разберете одредени термини во овој напис -ви препорачуваме да го прочитате следниот Водич за гејмерски термини во „RPG“ игри, каде главниот гејмерски употребуван жаргон е објаснет од збор до збор што која фраза значи на Македонски јазик.