Возило на брза помош во Орегон удрило во велосипедист, па му наплатиле 1.800 долари за превоз до болница

Откако возачот на амбулантното возило свртел надесно, возилото удрило во 71-годишниот Вилијам Хоеш, кој завршил со скршеници на носот, гребнатини и други повреди по телото

-

Возило на брза помош удрило велосипедист во Орегон, САД, по што го однело во болница на лекување, а притоа му наплатиле повеќе од 1.800 американски долари. Ова се тврди во тужбата што ја поднел пациентот, а пренесува Гардијан.

Во тужбата поднесена минатиот месец се вели дека 71-годишниот Вилијам Хоеш со својот велосипед патувал низ округот Колумбија, Орегон во октомври 2022 година и се движел во иста насока како и брзата помош. Медицинското возило потоа се обидело да сврти надесно на друга улица, при што удрило во Хоеш и му го оштетило велосипедот, а Хоеш завршил со скршеници на носот, гребнатини и други повреди по телото.

Тој сега го тужи противпожарниот и спасувачкиот оддел на Колумбија Ривер за речиси еден милион американски долари, откако агенцијата што ја обвинува за несреќата му испратила сметка од 1.862 долари за возење со амбулантното возило.

Во тужбата се тврди дека Хоеш завршил со трајни повреди и досега собрал сметки од околу 47.000 долари за медицински трошоци, објави локалниот медиум Орегон Лајв.

Оштетениот од медицинската институција бара 997.000 долари поради болка и страдање, како и плаќање на сите сметки за лекување.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...