fbpx

Возилата што помалку загадуваат ќе се увезуваат со помал данок

-

Прв пат се воведува данок на возила со еколошка компонента. Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог – законот за данок на моторни возила е во собраниска процедура, а ќе важи од почетокот на 2020 година, објаснија министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски пред претставниците на невладините организации, претставници на Министерството за животна средина и на Град Скопје ги презентираа промените коишто ги содржи новиот закон.

– Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во Буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила. Најчесто купуваните возила меѓу 8 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок. Целта на новиот начин на оданочување на возилата е да се влијае на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во текот на целата година – порачала министерката Ангеловска.

Со новата регулатива, пресметувањето на данокот ќе се врши врз основа на две компоненти: вредноста на возилото и количеството јаглерод диоксид што возилото го испушта, со што возилата што малку или помалку од другите загадуваат, стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои повеќе загадуваат.

Директорот на Царина нагласи дека електричните возила нема да се даночат при увоз, исто како и новите возила за прва помош и за погребални услуги. При увоз на автомобили за такси превоз, ќе се прави поврат на 25 отсто од износот на платениот данок, а за комбијата, односно возилата со 7+1 и 8+1 седиште повратот ќе изнесува 80 отсто. Хибридните возила ќе подлежат на ослободување до 50 проценти од данокот.

Граѓаните кои ќе набавуваат возило по стапувањето на сила на новиот Закон,  за пресметка на данокот ќе имаат на располагање калкулатор на веб страната на Царинската управа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...