Возачот задремал – 10 луѓе загинаа во превртување на косовски автобус во Хрватска

Фото: Hobi industri @ Unsplash

Во тешка автобуска несреќа што се случи утрово околу 6.20 часот во Хрватска, на автопатот кај Славонски Брод, загинаа 10 лица. Автобусот на косовската туристичка агенција „Дева Турс“ сообраќал од Франкфурт до Приштина. Според хрватската полиција, автобусот во еден момент излетал од патот, а возачот потоа признал дека задремал. Тој е уапсен.

Останатите 45 повредени патници добиле медицинска грижа во околните болници, а 8 лица се моментално во тешка состојба. Од повредените, 15 се малолетници, а едно девојчи е тешко повредено.

Околностите на несреќата се истражуваат, а се знае само дека 52-годишниот возач го заменил својот колега што возел претходно некаде кај Загреб.